ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НАЈНИСКИ, А ЦЕНИТЕ ИСТИ, ПА И ПОСКАПИ – По зејтин и млеко во Србија, за тестенини во Грција

t

Со секое одење во продавница со список на основните прехранбени намирници, потребен е се подлабок џеб. Цените во псоледниов месец се нешто постабилни, па може да сметате дека лебот и млекото денес ќе ги купите по иста цена како таа од минатата недела. Но, затоа трчањето по продавници не ви бега. Цените од еден до друг маркет драстично се разликуваат, па за ист производ во една продавница може да платите и 100 денари повеќе. За еден литар млеко од ист производител во еден маркет ќе треба да издвоите 75 денари, а во друг 20 денари повеќе или 95 денари. 

Ако не се земе предвид квалитетот за три основни намирници – леб, млеко и јајца ќе ви требаат 210 денари, а за истите тие во Србија ќе платите 200 денари. 

Во соседна Србија поевтин е и зејтинот, јогуртот, солта, тестенините, брашното и кашкавалот. Минимални неколку денари поскапи се лебот и шеќерот. 

Ништо многу поскапо не е ниту во регионот, односно цените во Бугарија и Грција еден литар млеко чини 66, односно 70 денари. Единствено во Хрватска млекото чини 97 денари.

Предноста во споменатите земји во регионот е што ланците маркети нудат неделни акции на овие основни животни намирници и има можност за купување на поголеми пакувања од истите по многу пониски цени. 

И нашите маркети нудат неделни акции, но разликата во редовната и намалената цена не е поголема од 10 проценти.

Ако се направи гола споредба на цените, точно е дека, иако во мал процент, заедно со Србија сме најевтини. Но, минималната плата во Македонија и во овие земји и тоа како се разликува. Во земјава миниланиот приход е 18.000 денари или 291 евро, додека во Србија е околу 350 евра, а во Бугарија 390 евра. Во Грција минималната плата изнесува 713 евра, додека во Босна и Херцеговина, во зависност од регионот варира помеѓу 250 и 350 евра. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

За 25 години Србија ќе изгуби 3.000…

Во Србија моментално има 4.720 села, а…

Благ пораст на цените на храната на…

Цените на храната благо пораснаа во април,…

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…