Бајрактаров: Македонија ја тресе ментална криза
По политичката и економската криза, како светот така и Северна Македонија ја тресе ментална криза која што може и најдолго да трае. По повеќе од две години пандемија, отуѓеност, социјална дистанца и стравови, неизвесноста беше продлабочена и со економска криза чии последици особено се чувствуваат во овој период, пишува Дојче веле на македонски јазик.
„Очекувано е ова што се случува и на кое што укажувавме веќе подолго време дека следи пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, туку напротив се случува по сите светски економски, војни и здравствени кризи, по кои следува епидемија на болести од менталното здравје. Оттука и се поголем број насилство во домот, убиства и самоубиства на лица за кои сите велат дека претходно не покажувале знаци дека може нешто лошо да се случи“, вели Бајрактаров.
Според него, кризата поттикна психички проблеми во општата популација која условно се смета за нормална или психички здрава, но и кај лицата кои веќе имале одредени проблеми со менталното здравје. „Кај младите се позачестено е агресивното однесување и употребата на дрога. Амбулантите се преполни со млади лица кои бараат лекарска помош. Драматично е влошено менталното здравје кај адолесцентите“, вели психијатарот, посочувајќи дека изминатиот период била направена правена пообемна студија на оваа тема, чии резултатите наскоро се очекува да бидат објавени.
Лекарите секојдневно се соочуваат со случаи на зголемена анксиозност и депресија и кај младите и кај постарите лица. Политичките и економските кризи придонесуваат граѓаните да се чувствуваат како да се во тунел од кој не можат да излезат. Кризите само се надоврзуваат една на друга и се чини дека не им се гледа крајот.
„Кризата и од пандемијата и од економските потреси се уште не е стабилизирана. Менталната криза која што следи се очекува да трае колку што траела пандемијата 2 до 3 години или подолго“, вели доктор Бајрактаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…