(Видео) Арсовска: Три нови игралишта во Парк шума Гази Баба – Граѓаните добиваат ново катче за спорт и рекреација

t

ЈП Улици и Патишта по налог на градот Скопје целосно ги реконструираше спортските игралишта во парк шумата „Гази Баба“. – објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Игралиштата за фудбал, ракомет и кошарка се реконструирани за првпат по неколку децении, а партерно се уредува и зазеленува и теренот околу игралиштата.

Истовремено, екипи на Комунална Хигиена Скопје заедно со екипи на ЈП „Улици и Патишта“ во заедничка акција подигнаа големи количини отпад и шут од парк шумата „Гази Баба“, а инспекторатот на град Скопје активно делува во општината со цел санкционирање на загадувачи.

Граѓаните кои живеат на овој дел од градот Скопје, добиваат уште едно катче за спорт и рекреација. – напиша градоначалничката на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…