„Ми се исполни сонот – ќе играм против Новак Ѓоковиќ!“

t

Францускиот тенисер, Енцо Куако, е противникот на Новак Ѓоковиќ во 2. коло на гренслем-турнирот „Австралија опен“, меч закажан за утре во Мелбурн.

Станува збор за 27-годишен тенисер, кој во моментов е на 191. позиција на АТП-листата, кој преку квалификациите дојде до главниот турнир и кој буквално е пресреќен што ќе игра против Србинот.

„Премногу сум возбуден што ќе играм против Ѓоковиќ, за мене тоа е остварување на сонот. Не знаеме уште колку ќе игра Србинот, но сигурнен сум дека има уште неколку квалитетни години во него. Искрено, немам поим како ќе му се спротивставам. Ќе смислам нешто до утре“, изјави Куако.

Французинот до можноста за пресметка со Ѓоковиќ дојде со стартниот триумф над Боливиецот Уго Делијен (6-4, 7-5, 6-0), додека Србинот претходно беше подобар од Роберто Карбалес Баена исто така во три сета.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев го прекина енергетското примирје: Удар врз…

Украина ги обнови нападите врз руските рафинерии,…

Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова…

Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот…

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава,…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Мицкоски: Прашањето со Ива ќе биде покренато…

Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Click Plus“…

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев,…

Демонстранти се собраа на мирни протести пред…