Руската амбасада му одговори на Пендаровски: Се надеваме дека на крајот ќе преовлада јасното разбирање на националните интереси
Обрнавме внимание на изјавата на Претседателот на Република Македонија г-дин Стево Пендаровски за време на дискусијата „Во одбрана на Европа“ на форумот во Давос (Швајцарија) на 17 јануари 2023 година дека доколку „по завршувањето на војната во Украина“ државите повторно ќе им дадат приоритет на националните интереси, тогаш „европското и трансатлантското единство и солидарност“ ќе исчезнат.
Барем ние многу сме изненадени од ваквата теза. Поаѓаме од фактот дека националните интереси треба да бидат во основата на надворешната политика на која било држава, да го поставуваат векторот на нејзиниот развој, да служат како почетна точка при донесување одлуки за приклучување кон еден или друг сојуз или организација. Токму така стојат работите – како што е познато – кај нас. Инаку, каква е вредноста на таквото „единство и солидарност“ ако тоа не им одговара на интересите на народите на овие земји?
Се надеваме дека на крајот ќе преовлада јасното разбирање на националните интереси, што очигледно ќе помогне во градењето на односите меѓу државите врз основа на взаемно почитување и земање во предвид меѓусебните интереси, вклучително и во областа на трајната безбедност.
Фејсбук статус на руската амбасада во Република Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…