Објавено на:

Метео: Релативно топло со пороен дожд

t

 Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часовии Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.

Утре ќе има врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло. Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места. До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…