СДСМ го обвини Мицкоски дека лаже на верски празник: Ветуваше дека до крајот на јануари ќе има 61 пратеник

t

СДСМ реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека „полукриминалци од СДСМ и ДУИ, македонско подземје, почнало да врши притисок врз пратеници за уставни измени“.

Владеачката партија наведе дека Мицоски се заплеткува во сопствените лаги.

-Исплашен за својата фотелја во Белиот дворец, Мицкоски се заплетка во сопствените лаги. Затоа денес, на голем православен празник мора да пласира нови. На почеток на оваа година, токму на Божиќ, Мицкоски изјави дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието. Еве, дојде крај на јануари нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собрание, Мицкоски го излажа народот. Затоа кога очигледно нема ни близу 61 пратеник за распуштање на Собранието, Мицкоски мора да пласира нови лаги, за наводни притисоци врз пратеници, соопшти СДСМ.

Ова партија додава дека не доликува на било кого, најмалку на политичар, верските празници да ги третира како мека за лажење на народот.

-Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници, потенцираа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…