Променливото време и грипот ги наполнија амбулантите

t

Наглите температурните промени, во комбинација со сезонскиот грип, деновиве ги наполнија амбулантите со пациенти. Иако утринските температури се ниски, во текот на денот тие достигнуваат и до 17 степени, што е невообичаено за јануари, кој во одредени денови личи како да е пролет. Променливоста на температурата на воздухот не е карактеристична за овој период, а со променливото време и температури зачестуваат и здравствените проблеми на граѓаните. Д-р Маргарета Атанасовска-Трипуновска, специјалистка по општа медицина во Итната медицинска помош во Скопје – 194, вели дека актуелните временски услови влијаат како на здравите, така и на болните лица,
– Временските промени влијаат врз здравјето и граѓаните може да се соочат со вртоглавици, главоболка и нагони за повраќање. Поради променливото време доаѓа до зголемување на крвниот притисок и се зачестени колапсите, бидејќи организмот не може да се приспособи на временските промени – вели Атанасовска-Трипуновска.

Таа препорачува граѓаните да не се плашат и да мируваат, за да може организмот да се приспособи.
Дополнително, зголемен е бројот на граѓаните со симптоми на покачена температура и кашлица, кои се резултат на сезонскиот грип, во комбинација со ковидот и загадувањето. Покачената телесна температура најчесто се јавува како резултат на настинки, грип или коронавирусот. Лекарите нагласуваат дека тоа, всушност, е показател дека имуниот систем работи напорно за да се избори со инфекцијата.

Д-р Маргарета Атанасовска-Трипуновска вели дека покачената температура најчесто не е опасна состојба и поминува за кратко време, без посебни лекарства. Доколку температурата е повисока од 39,4°С повеќе од три дена, последователно, тогаш треба да се побара медицинска помош. Се препорачува пиење доволно течности и вода, јадење храна што полесно се вари, одморање и туширање со млака вода.

Инаку, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови, продолжува периодот на променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд.
– Во наредниот период нѐ очекуваат врнежи на повеќе места и грмежи, како и повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец, што ќе услови топло време за овој период од годината – информираат од УХМР.

Позначителен пад на температурите може да следува во текот на викендот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ако имало повеќе кислород во кочанската…

Дали доколку имало доволно боци со кислород…

Смртоносната железна завеса: Европа повторно распоредува мини…

Од Лапонија во северна Финска до источна…

„Моќта на жената“: Седеше сосема сама пред…

Фотографија на која жена седи сосема сама…

Белград: „Тука сме“ – Студентите во блокада…

Студентите во блокада ги поканија граѓаните на…

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…