(Фото) Се евакуира населението: Поплави и во Северна Митровица

t

Во Северна Митровица во тек е евакуација на жителите од одредени згради во населбата Бошњачко маало поради големите поплави по излевањето на реката Ибар.
Претседателот на привремената управа на општина Косовска Митровица за Косово онлајн изјави дека ситуацијата станала алармантна нешто по 13 часот.

„Околу 13 часот реката Ибар се излеа во близина на источниот мост и водата навлезе во осум згради каде што беа поплавени влезовите во зградите. Загрозени беа многу луѓе и успеавме да евакуираме одреден број луѓе од долните катови со пожарникарите и нашите служби“, рече Шпириќ.

Тој апелираше до граѓаните да се организираат и да дојдат до источниот мост за да им помогнат на службите да спречат поголеми штети бидејќи водата забрзано доаѓа во се поголема количина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти им го честиташе Велигден на православните…

Косовскиот премиер Албин Курти им го честита…

Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на…

Остануваат уште две недели до крајот на…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…