Јован Рафтоски беше најбрз до светиот крст во Струга
Јован Рафтоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст.
За 32-годишниот стружанец, кој првпат го фаќа крстот, разбрануваните и заматени речни води не биле проблем прв да стигне до него, бидејќи бил искусен нуркач и пливач.
– Скокам пет – шест години, а годинава првпат го фаќам крстот. Заматените води не ми претставуваа проблем бидејќи сум искусен нуркач и пливач, изјави Рафтоски, кој верува дека фаќањето на светиот крст ќе му донесе среќа и успех.
На Богојавленската манифестација во Струга покрај големиот број верници присуствуваа и градоначалникот Рамис Мерко, како и претставници од власта и опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Градиме наместо да ветуваме, почна изградбата…
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…
Еве што наше даде Бугарија на Грција…
По 109 години, Бугарија ѝ врати на…
Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…
Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…
(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…
Ива Михаилова која во Македонија се гони…
Судот не дозволил Михаилова да замине од…
Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…