Пендаровски се сретна со пријателот Александар Сорос во Давос

t

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска учествуваше во дипломатскиот дијалог посветен на Западен Балкан.

Учесниците на сесијата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и беше посочена потребата за одржување на стабилноста, создавање на услови за поттикнување на економскиот раст на државите, и неопходноста за решавање на замрзнатите спорови.

Имајќи го предвид новиот геополитички контекст, лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на Европската Унија на Западен Балкан и разменија и мислења околу можностите за изнаоѓање на нови платформи за промовирање на дијалогот и јакнење на меѓународните партнерства.

Како што сподели претседателот, за време на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос имал можност да се види и поздравам со стари и нови пријатели – Кралот Филип на Белгија, полскиот претседател Анджеј Дуда, молдавската претседателка Маја Санду, германскиот канцелар Олаф Шолц, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, косовскиот премиер Албин Курти, израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, бизнисменот Александар Сорос, историчарот Нил Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од септември уште две училишта во Кавадарци…

Започнува наставата во една смена во основните…

Среде трагедијата во Индонезија, родила ќерка: ја…

39-годишната жена беше подложена на итен царски…

„Телеграф“: Русија изгради најмалку 10 тајни бази…

Русија изградила најмалку 10 бази за дронови…

Келковски очекува август и септември да има…

Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо…

Две жени вдишале чад во пожарот во…

Пожарот што денеска околу 13:30 часот избувнал…