МНОГУ Е ВЕРОЈАТНО ДЕКА КРАКЕНОТ ВЕЌЕ Е ВО МАКЕДОНИЈА: Петличковски очекува утре да има резултати од десетината примероци
Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија.
Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас сè уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци.
– Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем – изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија.
Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.
Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели.
– Сè уште се движиме кон врвот, сезоната годинашаната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели, но според податоците од соседните земји, веќе се приближуваме на некое плато. Ова топло време не погодува многу за ширењето на грипот, така што можно е за скоро недела – две да го достигнеме максимумот. Притоа овој максимум не се разликува од максимумите кои години наназад просечно ги достигнуваме што значи ништо не очекувано во овој момент не се случува – изјави д-р Пеличковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемениот број лица со респираторни проблеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…