Вучиќ без ракавици кај Шваб: Во Македонија и Србија има опаѓање на ентузијазмот за влез во ЕУ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ смета дека конференцијата во Давос станала клуб на истомисленици.
Тој вели дека станува збор за клуб на истомисленици за прашањето за руско-украинската криза и за прашањето за Косово и Метохија, каде, како што вели, никој не сака да слушне што вели меѓународното право или какви резолуции постојат. Тој нагласува дека во регионот, особено во Македонија и Србија, има опаѓање на ентузијазмот за влез во ЕУ – пред се поради претстојните политички барања.
„Тие ги интересира како може Косово да биде прифатено во меѓународните организации, тоа е смислата и како Србија да се откаже од Косово“, вели Вучиќ.
„Секако, зборуваа претставниците на сите земји, плус претставникот на привремените институции во Приштина, а она што беше јасно е дека има пад на ентузијазмот за влез во ЕУ во земјите од регионот, особено во Македонија и Србија. Ова пред се се должи на политичките барања што доаѓаат, а се однесуваат или на националниот идентитет или на територијалното прашање“, рече Вучиќ.
Зборуваше, посочува, и за „лажните обвинувања што постојат во таа кампања против Србија“.
„Се обидов да ги рационализирам работите, иако тоа е секогаш тешко овде.Мило ми е што секогаш сме застапени овде,но ова стана клуб на истомисленици. Нема никаков реален и рационален пристап, туку е едноставно идеолошки заснован, но и на прашањето за Косово и Метохија, каде што никој не сака да слушне што вели меѓународното право, или какви резолуции постојат, туку имаат свој интерес и своја моќ и тоа е тоа“, рече претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…