Агенцијата за разузнавање не го известила дека е уживател на бело: Пендаровски го осуди нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

t

Претседателот Стево Пендаровски во објава на Фејсбук го осуди нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков.

„Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите.“, пишува во објавата на Пендаровски.

Со осуда на инцидентот се јави и претседателот на Бугарија Румен Радев, но и националистите од редовите на ВМРО, но и лидерот на Има таков народ Слави Трифонов, кои повикаа на ново вето за членството на Македонија во ЕУ.

-Бугарскиот претседател Румен Радев најостро ги осудува систематските прекршувања на правата на Бугарите во Република Македонија и влевањето омраза кон нив, што резултираше со нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид, соопштија од неговата прес-служба.

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид синоќа бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР.

-Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час тој ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата BulgariaOnAir.

Според него, состојбата на претепаниoт не е добра.

„Мислам дека неговите физички повреди се сериозни, но и психичките“, истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…