„Паднаа во вода сите приказни на мојот ‘пријател’!“
Миленикот на ракометната публика, Борко Ристовски, е колумнист на Спорт1 за време на Светското првенство (СП) во Полска и Шведска. Пред и по натпреварите ги изнесува своите впечатоци и ставови, пофалби и критики за нашите ракометари во желба да им понудиме еден поинаков агол на нашите читатели.
После триумф секогаш е полесно да се пишува и „анализира“ – мала иронија нормално. Победа како победа е секогаш добродојдена и значајна, без разлика против кого е остварена и за кое место и да се бориме.
Меѓутоа, во нашиов случај е малку покомплицирана ситиацијата, а таква е зашто ракометната репрезентација е заложник на филозофијата која треба да се базира на напредок, но во нашиот случај таа е се базира на – уназадување на нештата. Јас знам зошто е тоа така, меѓутоа останува да се направи анализа после ова СП и да се извлечат заклучоци и да се согледаат работите какви што се, а тоа е многу блиску до катастрофа, ако не сме веќе и таму.
Но, да одиме по ред. Момците на мечот со Алжир, без разлика на сѐ, излегоа мотивирани на терен и со една цел – да се добие натпреварот. И толку! Ништо ново на тактички план, ништо од новата „скандинавска игра“. Напротив, игравме без полуконтра, брз центар и со долги напади. Значи се вративме назад пред пет-шест години, кога нели ја игравме таа игра што не чинеше и поради која дојде новиот селектор да ја промени.
И сега што со изгубените години кои „некој“ ги потроши да си собере тренерско искуство и да учи да биде тренер на грбот на репрзентацијата. И на крај, што со целокупната спортска јавност!? Што со тие години, што со тие деца кои ги изгоревме барајќи ја „новата игра“ !? После секој пораз слушавме дека Норвешка е Топ 4 репрезентација, дека Холандија била Топ 5, дека Аргентина била сериозна и доста квалитетна. Конечно, после синоќешните натпревари паднаа сите маски. Падна во вода сѐ она што ни го продаваше мојот ‘пријател’
Норвешка едвај излезе на крај со Србија (31-28), селекција која низ годините била наш лесен плен. Холандија, пак, играше против Катар и само благодарение на среќата стигна до победа со 32-30. И на крај останува „сериозната и екстра квалитетна“ Аргентина. Што да се каже повеќе од самиот резултат на мечот против Германија, кој го загубија со 19-39 значи со – 20 голови разлика. Резултатите се такви какви што се, а од нив се гледа дека не се работи за екстремно квалитетни противници туку дека е поголема веројатноста ние да сме го утнале патот, односно стратегијата. Така беше и на минатото ЕП на кое не го поминавме првиот круг, очигледно сме го утнале и на ова СП, а голема е веројатноста дека сме го утнале и селекторот и стручниот штаб.
Затоа, да сумирам. Ланското ЕП го завршивме на 22. место, без НИТУ ЕДЕН ДОБИЕН ИГРАЧ. Ова СП ќе го завршиме бајаги подоле, без идеја, стратегија, визија, а ако сакате и со очигледен недостаток на стручност. Затоа, мора да има – ОДГОВОРНОСТ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…