Склучен договор помеѓу Град Скопје и Црвен Крст – работиме на подобрување на квалитетот за живеење на бездомните лица

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска од терен порача дека и оваа година овозможуваат непречено функционирање на Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток, каде се згрижуваат од 150 до 180 лица.

Новата година да мине во духот на хуманост и подадена рака, во која важно е секој од нас во рамки на можностите да помогне за оние лица што секојдневно се борат со студот, гладот и немањето основни услови за живеење, безбедно да го поминат зимскиот период.

Континуирано превземаме мерки и активности за остварување социјална грижа и подобрување на квалитетот на живеење на бездомните лица, затоа што најважно е да се обидеме да помогнеме онаму каде можеме.

И оваа година овозможуваме непречено функционирање на Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток, каде се згрижуваат од 150 до 180 лица.

Обезбедуваме поддршка на програмите за привремено прифаќање и згрижување на лицата бездомници со обезбедување дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена, советодавни услуги, во соработка со Црвениот крст на град Скопје

Ја следиме работата на постоечките центри и со соработка со Црвениот крст на Град Скопје и невладините организации кои се активни на ова поле, развиваме програми и проекти кои водат во насока на проширување на капацитетите за привремено прифаќање и згрижување на бездомните лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…