Апсење во Карпош: 33-годишник осомничен дека го убил својот татко
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М. И. (33) од Скопје, поради пријава според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И. (62), соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 19.01.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(33) од Скопје, постапувајќи по пријава околу 12.50 часот според која во семејната куќа на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат неговиот татко Џ.И.(62). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт и повреди од огнено оружје, информираат од МВР.
Според извршениот увид од СВР Скопје, покрај починатиот биле пронајдени неколку чаури, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Градиме наместо да ветуваме, почна изградбата…
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…
Еве што наше даде Бугарија на Грција…
По 109 години, Бугарија ѝ врати на…
Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…
Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…
(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…
Ива Михаилова која во Македонија се гони…
Судот не дозволил Михаилова да замине од…
Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…