Траги-комедија: Протест во Софија за поддршка на Христијан Пендиков
Денеска во 12.00 часот пред зградата на Европската комисија во Софија ќе се одржи протест за поддршка на Христијан Пендиков кој беше претепан во Охрид.
„Правда за Христијан од Охрид! НЕ за дискриминацијата на Бугарите“, е мотото на протестот. „Настанот е строго неполитички и непартиски. Сите се добредојдени како обични граѓани“, објавија на Фејсбук организаторите на протестот во знак на сочувство со Христијан и против дискриминацијата на Бугарите во Македонија.
„Оваа ситуација е неподнослива. Политичката класа, медиумите и академската заедница создадоа атмосфера на омраза и прогон на Бугарите. Сакаме итна реакција од бугарските институции, правата на Бугарите во Македонија се обезбедени и сторителите се казнети! Европските институции конечно да бидат гарант за правата на Бугарите!“, повикуваат организаторите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…
(Видео) Град Скопје не успеа да го…
Екипите на Град Скопје не успеаја во…
Предлог Дара да биде прогласена за почесен…
Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…
Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…
Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…
СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…
По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…