Објавено на:

Ѓоковиќ го прегази Бугаринот Димитров и се пласираше во осминафинале на Австралија Опен!

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во третото коло на Австралија Опен го совлада Бугаринот Григор Димитров со 3:0 (7:6 (9:7), 6:2, 6:4) по три часа и седум минути игра и со тоа се пласираше во рундата 16 на Австралија опен. За пласман во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минаур, кој во три сета беше подобар од Французинот Бенџамин Бонзи.

Новак одлично го отвори мечот и веднаш му го одзеде сервисот на Димитров во првиот гем, а потоа брзо го потврди брејкот. Ѓоковиќ главно лесно ги решаваше гемовите на свој сервис, обидувајќи се повторно да го притисне сервисот на бугарскиот тенисер, но и Димитров успеа да освои гемови. Очигледно беше дека Новак се движи малку побавно поради проблемот со задната ложа, но најмногу успеваше да го спроведе својот план на дело. Во деветтиот гем, Ѓоковиќ уште еднаш направи пирицак против Димитров, но не успеа да искористи ниту три брејка и сет поен, а Бугаринот успеа да се извлече од тешката ситуација, а потоа во следниот гем го врати брејк и потоа поведе со 6:5. Во 12. гем Новак беше тој што требаше да спаси две брејк топки и сет, а во тоа беше успешен и отиде во тај брејк. Во него и двајцата тенисери имаа сет-поен, а вториот го искористи Ѓоковиќ во тај-брејкот за да поведе со 1:0.

Воведните гемови од вториот сет не донесоа брејк, но во четвртиот гем Димитров во три наврати беше принуден да го спасува својот сервис, но во третиот немаше шанси за спас и Новак поведе со 4:2. Тој брејк беше доволен Ѓоковиќ да ја сочува предноста до крајот на сетот и да поведе со 2:0, иако сепак имаше проблеми поради задната ложа, што во одредени моменти му отежнуваше да се движи.

Веќе на стартот од третиот сет имаше многу возбудувања. Димитров имаше проблеми со сервисот и мораше да спаси една брејк топка, но втората не ја погоди и Новак успеа да му го одземе сервисот. Ѓоковиќ успеа да го потврди брејкот, иако се соочи и со две брејк топки кои Димитров не успеа да ги искористи, а потоа вторпат во низа го одзеде сервисот на Бугаринот и поведе со 3:0. Се чинеше дека Новак многу полесно од очекуваното ќе го добие третиот сет, но повторно Димитров дојде до брејк топки како во вториот гем, но овојпат го искористи вториот и намали на 3:1, но одигра катастрофална партија на својата сервира кога требаше да го потврди брејкот и Ѓоковиќ по петти пат го одзеде својот сервис во мечот за водство од 4:1. Сепак, тоа не беше крајот. Новак одигра нешто полош гем на свој сервис и Димитров стигна до брејк точка која веднаш ја искористи и намали на 4:2, а потоа го потврди брејкот за 4:3. Но, Новак се избори низ кратка криза и со една лесна партија успеа да стигне до 5:3. Димитров успеа да добие уште еден лесен гем, но потоа Ѓоковиќ стави точка на мечот на свој сервис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…