(Фото) “Десет и пол” Бугари се собраа во Софија за да се борат за правата на “македонските Бугари”
– Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржува протест за одбрана на правата на Бугарите во Македонија каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД. Протестот е и за поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид, Христијан Пендиков, јавија бугарските медиуми.
Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на ЕК, тој побара итен прекин на преговорите на нашата држава за членство во ЕУ.
Како што можете да забележите на фотографијата пренесена од бугарската агенција БГНЕС немало некоја голема заинтересираност за собирот.
Тројца охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.
Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи ќе го посетат утре Пендиков, кој е хоспитализаран во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Не прифаќаме одложено дејство: Бугарите од Македонија…
Бугарите во Република Македонија бараат да се…
Едно лице е приведено поради протестите во…
Едно лице е приведено поради протестите пред…
Софија под „полициска опсада“: Најавени седум протести…
Повеќекратните протести ќе го блокираат центарот на…
„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари…
Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана…