Мециновиќ: СДС и ДПМНЕ се заедно во бизнисот, од нив ли очекувате да застанат на страна на Македонија и против бугаризција?
Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ ја коментира изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, дека со добра диплломатија тие ќе издејствуваат гаранции од ЕУ, па ќе гласаат за уставни измени.
– Единствените гаранции што може сега да ги бара десната опортунистичка опозиција од ЕУ, се оние за евро-бирократите да ја пренасочат подршката од СДС кон нив – и спремни се да го продолжат процесот на бугаризација на Македонија, по стапките на Заев!
Од почетокот на летните протести оставаат силен впечаток на неприкосновен АМОРТИЗЕР на народното незадоволство!
О П О З И Ц И Ј А.
Опозиција тие меѓусебно не можат да бидат бидејќи во умот се исти. Сите заедно на куп се во енергетскиот сектор, колеги и пријатели. Со тебе ли да се поистоветат? Имаат исти интереси, спротивни на твоите и предаторски кон државата.
Не се дел од нашата заедничка кауза.- напиша Мециновиќ на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…