Вучиќ в понеделник ќе биде на седницата на Владата за Косово, потоа ќе има обраќање

t

Владата на Србија в понеделник ќе одржи седница посветена на актуелните разговори за Косово, на која го покани претседателот Александар Вучиќ, јавија медиумите во Србија.

Се очекува по седницата, в понеделник попладне, Вучиќ да им се обрати на граѓаните.

Претседателот на Србија вчера во Белград се сретна со претставници на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија, со кои разговараше за таканаречениот француско-германски план за Косово, јави Бета.

По таа средба Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор за косовското прашање.

Вучиќ изјави дека на средбата „за едно важно прашање“ од договорот ја покажал сета загриженост и резерви, но посочи дека не може да зборува за тоа бидејќи договорот се уште не е јавен.

Тој наведе дека за време на разговорите со западните дипломати „недвосмислено бил соочен со проблемите и предизвиците кои би биле поставени пред Србија доколку не се согласи со предложениот план за косовското прашање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…