Вистинска бајка: На Попова Шапка утрово има 62 сантиметри снег!

t

Од денеска може да се скија на Попова Шапка.

Ски-лифтовите и жичарниците работат од 8:45 до 15:30 часот, додека работно време на билетарниците е од 8:00 до 16:15 часот.

„Се е подготвено за скијање, со специјалните возила и машини „ратраци“ за обработка и подготување на скијачките терени се оспособија патеките за скијање. Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница“, изјави вчера Живе Алексовски, извршен директор на ЕЛЕМ Турс.

На Фејсбук профилот на ски центарот се објавени и цените за користење на ски-лифтовите и жичарниците. Има можност за набавка на дневни, полудневни и сезонски билети.

Инаку, УХМР утринава информираше дека снежната покривка на Попова Шапка изнесува 62 cm.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bнимавajте: Поради густата магла 30 лица се…

Во текот на денот, поради појавата на…

9 лица се изгубиле на Шапкa

Двајца тетовци на возраст од 15 и…