Го гасиме огнот со бензин: Радев е против испраќање на воена помош за Украина
Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека пружањето воена помош на Украина може да доведе до глобален конфликт и апелираше да не му се испраќа оружје на Киев.
-Највредни се мирот и човечкиот живот. Испораката на оружје на Киев значи дека го гасиме огнот со бензин, значи дека признаваме дека ќе има многу повеќе жртви – рече Радев во интервју за Дарик радио.
Како што истакна, воената помош на Украина значи согласување со ставот дека конфликтот треба да се води до целосниот пораз на едната страна, што неизбежно ја вовлекува земјата „во глобален конфликт и можност од нуклеарно самоуништување“.
Според него, неговата земја не треба да ѝ испраќа оружје на Украина бидејќи на тој начин го поддржува конфликтот.
-Секој кој не се сложува со тој став не само што треба добро да ги проучи историските корени на конфликтот, туку и да изнесе анализа на сите ризици. Мојата должност како претседател е да размислувам и да бидам солидарен со повеќето Бугари – истакна тој..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…