Барди во Торино?

t

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди ќе го напушти Трабзонспор во зимскиот преоден рок, а за неговите услуги се заинтересирани клубови од Шпанија и Италија, јавија денеска турските медиуми.

Повикувајќи се на извори од Трабзонспор, весникот „Фанатик“ објави дека шпанскиот прволигаш Мајорка доставил конкретна понуда за трансфер на 27-годишниот Барди, а дел од медиумите претходно наведоа дека интерес за македонскиот репрезентативец има и од калчолигашот Торино.

Барди на почетокот на оваа сезона се пресели во Турција од редовите на шпански Леванте за три милиони евра, и според турските медиуми, тоа е сумата за која Трабзонспор би се согласил предвреме да ја раскине соработката со македонскиот играч за врска.

Причината поради која Барди е на трансфер листата е намерата на Трабзонспор да ги намалите трошоците во буџетот за оваа сезона.

Турскиот прволигаш претходно ја раскина соработката со Еврард Куаси, Јусуф Ердоган и Емрехан Чедикли.

Барди сезонава одигра 11 натпревари за Трабзонспор и постигна три голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расчистена кражба после година и пол: Од…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…

ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…

Постапка против осомничен за тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…

Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…

Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…