Драма во воздух: Дојава за бомба во авион кој ја прелетувал Македонија

t

Авион на „Рајанер“ кој патувал од Полска за Атина безбедно слетал во грчката престолнина откако пилотот пријавил закана за бомба за време на летот, изјави денеска портпаролот на аеродромот, цитиран од ДПА.

Сите луѓе се добро и безбедни, рече Елена Димопулу, портпаролка на аеродромот.

Авионот полетал од полскиот град Катовице со околу 190 луѓе, рече таа. Специјалните полициски единици го проверија авионот и багажот.

Авионот ја прелетал и територијата на Македонија.

Грчкото државно радио ЕРТ објави дека откако пилотот ја повикал заканата, биле испратени ловци-бомбардери и го придружувале авионот додека не слетал безбедно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максимални безбедносни мерки на аеродромот во Софија:…

На софискиот аеродром денеска е примена дојава…

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…

Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…