Ковачевски ја свика владината коалиција – вечерва лидерска средба
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва ја свикува владината коалиција.
Како што пренесува Сител ТВ, повикувајќи се на свои извори, лидерската е закажана за вечерва во 20 часот во клубот на пратениците. На неа, Ковачевски ќе им го презентира предлогот на коалиционите партнери за проширување на мнозинството со АА, процес кој се водеше во изминатиот период. Алијанса викендов формираше и тела за преговори за поделба на кадровскиот колач, процес кој доаѓа во време кога ДУИ има сериозни проблеми внатре во својата партија поради што Ахмети секој ден е растрчан на терен во обид да го изгаси огнот што го запали огнената група на Меџити.
Тој и вечерва има закажано мини митинг во Тетово. Незадоволство од проширувањето на мнозинството израазуваат и некои од другите партии кои се дел од коалицијата на СДСМ па веројатно на вечерашната средба ќе ги кристализира позициите на најголемиот дел актерите во оваа игра. А пак, на крај од овој месец изминува и рокот кој опозицискиот лидер Мицкоски си го постави за распуштање на Собранието. Доколку до крајот на јануари или почетокот на февруари, опозицијата не успее да собере мнозинство за распуштање на Собранието, лидерот најави дека ќе се откажат од барањето за предвремени избори и ќе го чекаат редовниот термин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…