Таравари влегува во Владата на Ковачевски: Македонија пред нови уставни измени
Алијанса за Албанците по четири години повторнува влегува во Владата во коалицијата со СДСМ и ДУИ, ексклузивно дознава Инфомакс.
Според нашите информации постигнат е начелен договор за влез во Владата, а одлуката се очекува да биде соопштена во наредните неколку денови од страна на новиот претседател на партијата, Арбен Таравари .
Викендов во Куманово се состана највисокиот орган на партијата во Куманово, а на седницата беше избрано новото раководство и беше донесена одлука за внатрепартиски дијалог за тоа дали АА треба да биде дел од Владата на Ковачевски.
Неофицијално по внатрепартиска дебата била донесена одлука за влез во Владата и окрупнување на парламентарното мнозинство, а клучната цел на вака зајакното владино мнозинство е трката до 81 пратеник потребни за уставните измени со цел внесување на Бугарите во Уставот и формално отпочнување преговори со Европската Унија.
Со влезот во Владата, АА ќе добие две клучни министерства, а тоа се министерството за здравство со кое досега раководеше Беким Сали од Алтернатива и министерството за правда со кое министеруваше Владимир Тупанчевски.
По се изгледа се остварува планот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети за создавање на таканаречен „Фронт за Европа“ кој би ја ставил државата на брзата трака за влез во Унијата оптимистички и пред 2030 година која беше најоптимистичката прогноза на премиерот Димитар Ковачевски.
Вечерва во клубот на пратеници, премирот Ковачевски ги свика своите коалициони партнери на лидерска средба, според информациите на Инфомакс премиерот ќе им го презентира предлогот на коалиционите партнери за проширување на мнозинството со АА, процес кој се водеше во изминатиот период.
Алијанса викендов формираше и тела за преговори за поделба на кадровскиот колач.
Да потсетиме дека на ваквата одлука на Алијансата за Албанците, претходеше средба на претседателот на АА, Арбен Тараври со американската амбасадорка во Македонија Анџела Прајс Агелер. Таравари претходно и самиот коментираше дека на средбата ќе се консултира со американската амбасадорка за влез во Владата на Ковачевски.
Ова упатува дека ваквото окрупнување на парламентарното мнозинство наидува на сериозна поддршка од западните партнери.
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во изјава за една национална телевизија изјави дека неофицијалната покана за влез во Влада ќе ја прифатат само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени.
– Трето, најважен интерес на граѓаните е земјата да успее да ги направи уставните измени и да почнеме преговори со ЕУ. Ако добиеме имформации од другите партии на власт дека постои можност за обезбедување на 80 гласови тогаш треба да им дадеме шанса на уставните измени и преговорите со ЕУ. Цениме дека со такво мнозинство ќе придонесеме полесно да се убедат и пратеници на ВМРО и целата партија да ги гласа уставните измени. Доколку нема такви шанси тогаш не гледаме причина зашто да бидеме дел од власта, изјави Таравари.
По се изгледа дека Македонија е на чекор до нови уставни измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…