ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ЦЕЛА НОЌ – од УХМР најавуваат и снег вечерва, еве каде!
До крајот на денов и во текот на ноќта на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка значително ќе се зголеми. Во вечерните и ноќните часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен југоисточен и источен ветер.
Како што информира УХМР, времето утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови каде ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат, но ќе се задржи облачно, освен во крајните западни делови каде ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во наредните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските делови од дожд и снег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата…
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Двоглав орел поставен на врвот на Кораб
На социјалните мрежи се појави фотографија од…