Обвинителството не барало притвор за Пендиков бидејќи „полицијата нашла малку дрога“
Претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков не добил притвор ниту друга мерка, бидејќи полицијата нашла мало количество дрога велат од обвинителството. За ова кривично дело се уште нема одлука, објави ТВ 24.
Иако за неговиот болнички транспорт до Софија не била побарана согласност од Обвинителството велат Пендиков досега два пати дал свој исказ во постапката и достапен е на органите на прогонот.
„Пријавата се однесува на настан случен на 20 октомври, кога при личен претрес кај пријавениот било констатирано неовластено поседување на наркотична дрога во помали количини – 0,3 грама кокаин. Со оглед на тежината на кривичното дело и другите факти во предметот, надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај не се исполнети законските основи за да побара мерки за обезбедување на осомничениот. По пријавата се постапува и се испитуваат околностите, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во однос на транспортот на наведеното лице, од јавното обвинителство не беше побарана согласност за негово префрлање во Република Бугарија. Оштетениот до сега два пати даде свој исказ во постапката и достапен е на органите на прогонот. Освен тоа, тој има правен интерес да учествува во постапката. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор…
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал…
ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ НОВ ДОГОВОР СО ИРАН
По повеќемесечната војна и серијата напади низ…
„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…
Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…
Нов Зеланд испрати два воени брода низ…
Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…
ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…
Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…