Бугарите со нова провокација, овој пат до Пендаровски: ,,Масовно во Скопје ќе го славиме раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев”
Претседателот на Фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов на својот Фејсбук профил најави дека на 4 февруари годинава ќе биде организиран превоз на Бугари кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на „бугарскиот национален револуционер Георги Делчев“ во Скопје.
Тој ги повика сите Бугари да ја прослават 151-годишнината од раѓањето на Делчев.
,,Претседателот на Македонија Пендаровски денеска пред Советот за национална безбедност на Република Македонија изјави дека „не смеело да им се дозволи на луѓето од Бугарија да ја преминат границата за да одат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев“. Можам да ви кажам на сите – планирајте во сабота на 4 февруари да бидеме сите во Скопје и да се поклониме на гробот на бугарскиот национален револуционер Гоце Делчев!!! Оваа изјава на Пендаровски ги уништува нашите билатерални односи и е повеќе од непријателска кон Бугарија и Бугарите – ќе ни забранеше да се поклониме на гробот на Гоце на неговиот роденден!!!
Имаме договорено превоз кој нема превоз и сака да дојде пиши ми или јави се на +359899384100. Во сабота на 4 февруари пред гробот на Гоце мора да бидеме илјадници Бугари”!, стои во повикот на Стојанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му се закани на Оман: „Ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…
Петмина повредени откако со автомобил излетале од…
На 16.08.2026 во 21:10 часот во Полициската…
Истече рокот за постигнување договор меѓу САД…
Рокот од 60 дена утврден со меморандум…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Во четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај…
Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на…