„Градски Паркинг“ ќе обезбеди нови 1.350 паркинг места и ќе гради монтажни паркиралишта – информираат од Град Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“, извршија увид во работата на претпријатието, кое за минатата година бележи значителен финансиски успех, бројни проекти и активности кон обезбедување на негова самоодржливост, информираа од Град Скопје.
– Според финансиските извештаи на претпријатието, истото има забележано значителни резултати со речиси двојно зголемување на приходите во четвртиот квартал од 2022 година, споредбено со годината претходно. ЈП „Градски паркинг“ во изминатата година како реализација на мерките од програмата „За модерно Скопје“, ги намали цените за паркинг услугите на зонските паркиралишта во градот за 25 отсто, а едновремено го консолидираше финансиското работење и ги зголеми платите на вработените. Фокусот останува подобрена безбедност во сообраќајот, преку отстранување на возила што ги блокираат пешачките и велосипедски патеки, како и грижа за животната средина, со превенција на паркирање врз зелени површини, се наведува во соопштението.
Како што се истакнува, за оваа година, ЈП „Градски паркинг“ планира да обезбеди 1.350 нови паркинг места, како и да започне со проект за изградба на монтажни паркиралишта.
– Започнуваме со имплементација на проектот за целосна дигитализација на паркиралиштата, што е во пилот фаза. Активно се чистат, реконструираат и обележуваат сите паркиралишта во градот Скопје, а со акцијата за редовно одржување на инфраструктурата и капацитетите на ЈП „Градски паркинг“, продолжуваме во континуитет, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од четврток топлотен бран со температури над…
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и…
Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…
Гавраните се меѓу најчестите резервоари на западнонилска…
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека…
Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за…
Разрешениот министер за култура и туризам Зоран…
(Видео) ВД амбасадорката на САД во Дебар,…
Вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски…