Толку беше: Уапсена е Мирнеса – ова се деталите

t

На аеродромот во Штутгарт е уапсена Мирнеса С.(42), која германската полиција ја сомничи дека украла еден милион евра, пренесува Билд.

Полицијата во понеделникот вечерта ја уапсила Мирнеса С., а како што пишуваат германските медиуми, поранешната келнерка преку својот адвокат на полицијата и рекла дека ќе се предаде. Таа била уапсена на аеродромот во Штутгарт околу 19:45 часот.

Да потсетиме, Мирнеса, која украде милион евра од германска компанија, по што исчезна, во Штутгарт е позната и по прекарот Мики. Пред оваа компанија работела како келнерка, а е од градот Бусовача во Босна и Херцеговина.

Германски Билд претходно откри дека Мирнеса живеела на третиот кат од станбена зграда во Канстат. Оттаму се наоѓаше на само 250 метри од главниот влез во просториите на Криминалната полиција.

Мирнеса во октомври украла милион евра работејќи во компанија која, меѓу другото, вршела и транспорт на пари во Штутгарт. Парите ги ставила во црна кеса и исчезнала, пишува Билд.

Родителите на Мирнеше се одрекле од неа, а нејзиното моминско презиме било Бешлиќ, објави порталот Црна-Хроника.

Инаку, претходно на мета на разбојници била и компанијата за транспорт на пари во Штутгарт, која Мирнеса С. по потекло од Босна и Херцеговина ја ограбила за милион евра во октомври.

Имено, според германската полиција, колешка (27) на фаталната Мирнезе С. ноќта на Божиќ ја ограбил фирмата при што одзел 135.000 евра, а вработените дури по четири дена забележале дека дел од парите недостасуваат, пренесува Билд.

“Истрагата не доведе до 27-годишен млад човек. При претресот на станот не беа пронајдени ниту тој, ниту парите”, изјавила портпаролката на полицијата.

Во меѓувреме дошло до пресврт во случајот со овој грабеж, па мажот се предал во полиција, а судијата го ослободил на условен отпуст. Кога се парите во прашање, никој не знае каде завршиле, пренесува Билд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…