(Фото) Косовската полиција повторно постави бетонски блокови на мостот Бистрица

t

Специјалците на косовската полиција поставија бетонски блокови на точката кај мостот Бистрица, на главниот пат Митровица-Лепосавиќ, а дополнително го зајакнаа и сеидиштето поставено на одморалиштето до самиот пат.

Бетонските блокови на овој дел од патот повторно беа поставени по вчерашниот инцидент, во кој од огнено оружје беше ранет Миљан Делевиќ.

Полицијата на овој дел од патот отворила оган врз цивилно возило бидејќи, според нивните тврдења, не застанало и удрило во полициското возило.

Полицајците на контролниот пункт потоа пукале во возилото кое се оддалечувало ранувајќи го Миљан Делевиќ. Другото лице во истото возило не е повредено.

Контролниот пункт кај мостот Бистрица полицијата го постави во декември на висина на барикадите на северот на Косово, каде оттогаш секојдневно ги проверува патниците и нивните возила.

Првично поставија бетонски блокови забавувајќи го движењето на возилата, а по отстранувањето на барикадите отстранети се и бетонските пречки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Припадници на АРМ ќе учествуваат во операција…

На предлог на Министерството за одбрана, Владата…

Курти: Србија шири пропаганда за насилство врз…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека секој…

Курти им го честиташе Велигден на православните…

Косовскиот премиер Албин Курти им го честита…

Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на…

Остануваат уште две недели до крајот на…