Австралиски новинар: Новак Ѓоковиќ треба повторно да го депортираат

t

Познатиот австралиски радиоводител Нил Мичел отиде предалеку, откако побара од австралиската држава повторно да го депортира српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, исто како и минатата година.

Нил Мичел беше тешко погоден од поразот на миленикот на домашната публика во Мелбурн, Алекс Де Минор, кој буквално беше декласиран од Ѓоковиќ во завчерашниот меч од осминафиналето на Австралија Опен, совладувајќи го со резултат 6:2 6:1 и 6:2.

– Не го следам многу тенисот, но се надевам дека Ѓоковиќ нема да го освои Австралија Опен. Србинот по мечот не се однесуваше спортски кон Де Минор, поради тоа што се случи пред една година кога беше депортиран. Јасно е дека Ѓоковиќ сакаше да го „избрише“ од теренот. И тоа го направи на крајот, но беше крајно непријатен по победата. Треба да го депортираат Новак затоа што така се однесуваше – рече Нил Мичел во својата радио програма, смеејќи се на крајот гласно.

Foto: EPA/JAMES ROSS

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…