Навестува ли Османи исклучување на „огнените“ од ДУИ?
Навестува ли портпаролот на ДУИ Бујар Османи исклучување на „огнените“ од ДУИ, откако денеска изјави дека ако незадоволните продолжат со анархија партијата ќе преземе статутарни мерки. Османи на новинарско прашање за информациите дека „огнените“ можно е да формираат своја пратеничка група и дека бараат реформи во партијата, рече дека секој може јавно да искажува ставови различни од мнозинството се додека тоа не премине во анархија.
„Секој има право да постапува како што е убеден. ДУИ е позната по внатрешната демократија, по можноста различни луѓе да претставуваат различни идеи кои се разликуваат од мнозинската идеја. Но тоа е се додека не се премине една граница на анархија, тогаш секоја организација си презема мерки за да го зачува функционирањето. Имам имам чуство дека веќе сме на границана анархија, иако таа култура во ДУИ секој да го искаже ставот јавно дури и тој да е различен од мнозинството ќе го охрабриме. Секој може да каже што сака, но ќе мора да ги почитува одлуките на мнозинството“, изјави Османи.
На прашање какви мерки ќе преземе ДУИ, Османи се повика на партискиот Статут.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети од партиските трибини повеќе пати ја повика „огнена група“ да се врати во партискиот колосек и да се откаже од барањата.
„Мнозинството во ДУИ ценидека оваа група не е во право. И јас мислам дека моите соработници и пријатели немаат право и треба да се вратат во партиските институции“, рече Ахмети.
Еден од предводниците на 3огнените“ и партиски потпретседател Изет Меџити од собирите со гражаните веќе порача дека Ахмети може да ги исклучи од партијата, но дека ни тој ниту кој било од незадоволните не планираат да се повлечат ниту од барањата, ниту од партијата.
„Можеби некој ќе ни посака нова куќа, но ние не ја напуштаме нашата куќа. И да не избркаат од врата ќе влеземе низ прозорец, бидејќи не само дома туку и на улица кога сме ни велат „овој од ДУИ“, рече Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…
„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…
Студентското движење во Србија успеа да го…
Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!
СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…
САД ги предупредија своите државјани и туристи…
Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗРАЕЛ: Опозицијата го обвини…
Израел се соочува со нова сериозна политичка…