МНР ќе бара Бугарија и ЕП да се одградат од заканите на Џамбаски за атентат на Пендаровски

t

Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Во овој случај, Министерството ќе препорача му на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Редев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент.

Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава.

Ангел Џамбаски вчера практично му се закани на претседателот Пендаровски со атентат посочувајќи дека и Алкесндар Караѓорѓевиќ забранувал влез во Македонија на лидери на ВМРО, па завршил под земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…