Србија “ќе си легне на брашното”? Лајчак очекува да се прифати француско-германскиот предлог

t

Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, рече дека очекува Белград и Приштина да го прифатат француско-германскиот план и да го потпишат, додавајќи дека во моментов за планот разговараат одделно со партиите.

„Имаме одделни разговори со партиите и кога ќе ги собереме очекуваме да го прифатат планот, да го потпишат и да го спроведат, се разбира, така што ќе се погрижиме и потпишаното да се спроведе“, рече Мирослав Лајчак во гостување на ТВ Клан во Приштина.

Тој изјави дека меѓународната заедница е партнер во разговорите и дека нејзините претставници не доаѓаат со закани или ултиматуми.

„Верувам дека тоа е навистина сериозна група и имаме најдобра намера навистина да го подигнеме квалитетот на односите меѓу Косово и Србија на повисоко ниво“, додаде Лајчак и потсети дека нивната цел е кон нормализација на односите меѓу Приштина и Белград. .

Осврнувајќи се на извештаите во медиумите, кои пред неколку дена објавија верзија на планот, Лајчак рече дека тој е „близок, но не е ист“ како објавеното во медиумите.

Да не си играме со тоа, тоа е филозофијата“, рече Лајчак и продолжи дека предлогот е најдобар можен.

На прашањето какви ќе бидат ефектите од постигнувањето договор и што може да се очекува доколку не се постигне договор или ако едната страна одбие, Лајчак одговори дека тогаш меѓународната заедница ќе ја намали поддршката за таа страна, а ќе ја зголеми другата.

„Тогаш меѓународната заедница мора соодветно да одговори и ќе ја поддржи повеќе едната страна или ќе ја намали поддршката за другата страна“, објасни европскиот пратеник и додаде дека мисијата на меѓународната заедница минатиот петок била навистина тешка и дека претставниците на САД, ЕУ и трите земји не би дошле во Белград и Приштина залудно.

Лајчак вечерва во Приштина на работна вечера се среќава и со владиниот претставник во дијалогот со Белград, Бесник Бисљими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…