Бујар Османи: Порано Албанци одеа во ОБСЕ само да пријават насилство, а сега јас сум претседавач
Министерот за надворешни работ Бујар Османи, во својот говор во рамките на средбите „Заедно за Европа“ на ДУИ во Шипковица истакна дека Албанците порано оделе во канцелариите на ОБСЕ само да пријават насилството што се вршело врз нив или некоја полициска неправда.
Денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач на ОБСЕ, рече Османи на трибината.
– Штотуку се вратив од Украина и таму во овие 11 месеци агресија има многу жртви, меѓу кои и жени и деца. Таму рекоа дека ако Украина влезеше порано во НАТО, немаше да се случи овој конфликт и рекоа – колку имаш среќа што Северна Македонија е дел од НАТО. Овде може да се разбере тежината на важноста да се биде во НАТО, благодарение на политиката на Али Ахмети. Албанците одеа во канцелариите на ОБСЕ само за да пријават насилството врз нив, некоја полициска неправда или нешто слично, додека денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач со ОБСЕ, рече Османи во неговиот говор.
Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети, истакна министерот.
– Политичарот кој е референца за визија, успех и политика. Некогаш ни требаше институционална застапеност и денес ја имаме, ни требаа универзитети и денес ги имаме, затоа сега мора да се фокусираме на подобар квалитет и стандард на живеење на секој граѓанин, подвлече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…