Поради руските напади, превентивни исклучувања на струја во делови од Украина
Во делови на Киев и во три други украински региони утрово превентивно е исклучена струјата поради новиот бран руски ракетни напади, соопшти приватната електроенергетска компанија ДТЕК.
„Станува збор за превентивна мерка што ќе спречи големи оштетувања на електричната инфраструктура доколку непријателските проектили стигнат до целта“, објави компанијата на Телеграм.
Освен во главниот град, исклучена е струјата и во Одеса и Днепропетровск.
Јуриј Ихнат, портпаролот на украинските воздухопловни сили, на националната телевизија изјави дека утрово биле погодени цели во неколку региони со проектили, меѓу кои и Виница, град на брегот на реката Јужен Буг, во централниот дел на Украина
Тревога за воздушен напад низ целата земја трае повеќе од два часа, а експлозии се слушаат во неколку области – вклучувајќи го и главниот град Киев.
Засега е познато дека во нападите загина најмалку едно лице, а две се повредени. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека жртвите се пријавени откако руска ракета погоди нестанбена зграда во областа Холосиев во Киев.
Додека трае руското гранатирање, властите го повикаа населението да остане во засолништата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…