Генерал Ангелов му одговори на Ахмети: Сите памтиме за што ви беше коминикети број 4, македонските вооружени сили не отстапија ни педа земја – после спасувавте жива глава

t

Пишува на Фејсбук, Стојанче Ангелов:

Синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на партиски собир во Шипковица меѓу другото кажал дека се сретнал со делегација од Украина при што им рекол:

“Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’

Ваквата изјава на Ахмети е некоректна, неполитичка дури би ја нарекол и безобразна, затоа што, да се споредува нападот на Русија врз Украина со одбраната на Македонија во 2001-та е неточно и невкусно бидејки се работи за два сосем различни воени конфликти.

Во 2001 година Република Македонија и нејзините вооружени сили беа нападнати од УЧК. Со комуникето број 4 УЧК побара од “Славомакедонците” да ги напуштат вековните албански огништа.
Но ние, припадниците на македонските безбедносни сили, војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија и не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја.

Откако од УЧК увидоа дека никако не можат да се спротистават на македонските безбедносни сили, ја сменија стратегијата а со тоа и реториката и наместо борба за ослободување на вековните албански огништа почнаа да зборуваат за борба за човекови права. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.

Сакам да верувам дека изјавата на Ахмети е кажана наменски, како дел од политичкиот говор за подгревање на националната атмосфера на собирот во Речица но апелирам до сите политичари, посебно до највлијателните, да бидат исклучително внимателни и да престанат да користат ваква распалувачка реторика. Бидејки, само неколку погрешни реченици може да предизвикаат значаен чекор назад кон влошување на меѓуетничките односи, нарушувајќи го процесот на помирување на кој макотрпно работиме години наназад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…

Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…