САД воведуваат нови санкции за „Вагнер“
САД во четвртокот воведоа дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер“, соопшти Министерството за финансии.
Министерството за финансии соопшти дека ја означило групата „Вагнер“ како „значајна транснационална криминална организација“, пренесе Ројтерс.
„Персоналот на „Вагнер“ се вклучи во сериозни криминални активности, вклучувајќи масовни егзекуции, силувања, киднапирање деца и физичко малтретирање во Централноафриканската Република и Мали“, се вели во соопштението.
Со санкциите се замрзнуваат сите американски средства што може да ги има „Вагнер“ и им забрануваат на американските граѓани да обезбедуваат средства, стоки или услуги за групата.
Американското Министерство за финансии, исто така, воведе дополнителни санкции за „Вагнер“, обвинувајќи ја групата дека е одговорна или соучесничка во принудното раселување на цивилите и нападите врз болниците во ЦАР.
Вашингтон именуваше други ентитети кои ги обвинува дека ги поддржуваат воените операции на „Вагнер“ групата во Русија, вклучително и акционерското друштво „Тера Тек“ со седиште во Русија и Институтот за вселенска наука и технологија „Чангша Тијани“ во Кина.
„Денешните проширени санкции кон „Вагнер“ и новите санкции за нивните соработници и други компании кои го овозможуваат рускиот воен комплекс, дополнително ќе ја попречат способноста на [рускиот претседател Владимир] Путин да ја вооружи и опреми својата воена машина“, рече американскиот министер за финансии, Џенет Јелен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…