Бомба на Инфомакс: Џамбаски планира да дојде во Македонија уште на 3-ти февруари – ова се деталите
Наци-фашистичкиот европратеник, Ангел Џамбаски очигледно планира да го испровоцира до максимум македонскиот народ со неговата посета на гробот на Гоце Делчев на неговиот роденден на 3 февруари.
Иако како што кажа и самиот не планирал да доаѓа во Македонија, откако претседателот Стево Пендаровски по Советот за безбедност изјави дека предложува да го прогласи Џамбаски за персона нон-грата тој од Брисел му се закани на претседателот со атентат и изјави дека ќе дојде на гробот на најголемиот македонски револуционер.
Само неколку недели претходно на панихидата за Мара Бунева, европратеникот среде Скопје во повеќе наврати изјави дека Македонија е бугарска, дека не постојат Македонци и ја повтори уште еднаш онаа мантра дека Бугарија е од Охрид до Црното Море.
Како што дознава Инфомакс за да го осигура својот престој во Македонија, Ангел Џамбаски ќе влезе на наша територија уште на 3 февруари и со околу 150 луѓе како придружба кои ќе бидат сместени во одреден мотел во Делчево.
Иако премиерот Ковачевски и министерот Спасовски изјавија дека нема да го прогласат за персона нон-грата туку полицијата на 4 ќе одлучи дали ќе го пушти да мине граница, очигледно Џамбаски има свој план како да се осигура дека на роденденот на Делчев ќе ја спроведе најголемата провокација до сега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…