Натемаго, ѓаволе! Ти настојуваш дека има ‘Бугари’ во Македонија, но ние со непобедливи докази ти покажуваме дека такви ни по јазикот, ни по наравите, ниту по обичаите, не постојат во Македонија!

t

„БУГАРИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОЈАТ НИTУ ПО ЈАЗИК, НИ ПО НАРАВ И ОБИЧАИ!“ – 1892 г.

Бугарскиот дипломат и разузнавач Атанас Шопов во весникот „Новини” во 1892 објавил текст каде го напаѓа списанието „Лоза,” преку коешто Македонците ја пропагирале својата национална идеја, и кое фактички се издавало на македонски, а не на бугарски јазик.

Веднаш потоа, еден анонимен Македонец кој пишувал под псевдоним „Пелагон”, му одговорил на Шопов со напис во којшто вели дека во Македонија нема Бугари и дека теоријата на панбугаризмот, што Шопов ја пропагирал, е „гнила“:

– „Натемаго, ѓаволе! Ти настојуваш дека има ‘Бугари’ во Македонија, но ние со непобедливи докази ти покажуваме дека такви ни по јазикот, ни по наравите, ниту по обичаите, не постојат во Македонија. Како потврда на тоа ти фрлив в лице и некои изрази од в. ‘Свобода’ кои го потврдуваат реченото од нас. Но ти, бидејќи тие изрази ја убиваат твојата гнила теорија за панбугаризмот, си нашол за благонаклоно, како и секогаш, да го преиначуваш кажаното од ‘Свобода’ и од нас.”

Според постечките историографски податоци, неименуваниот Македонец е или охриѓанецот Ѓорѓи Боев или Димитар Сакелариев од Кајлари, Леринско. Бидејќи Секелариев најчесто се потпишувал како „Македон”, најверојатно Боев е „Пелагон”.**

Македонецoт потоа посочува дека и во весникот „Неологос”, Македонците преземале написи од бугаристичкиот весник „Свобода” во коишто се вели дека јазикот на Македонците е неразбирлив за Бугарите, а јазикот на Бугарите – неразбирлив за Македонците.

– „Во желбата да го удавиш тоа дело на Словено-Македонците, неблагодарно за панбугаризмот, велиш дека списанието ‘Лоза’ не се издава на словено-македонски, ами на бугарски јазик. Но, ако тоа е така, зошто ‘Свобода’ лее жолч против Словено-Македонците редактори на Лоза?”, прашуваат Македонците.

ИЗВОР: в. „Новини”, 12 јуни 1892, бр. 74, стр. 1.

** ЛИТЕРАТУРА:

-> Славко Димевски, „Гласник“, бр. 2, ИНИ, Скопје, 1976, стр. 79;

-> Блаже Ристовски „Македонски работи“, МАНУ, Скопје, 2013, стр. 175-6. —/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…