Се самоуби велешанецот кој тешко ја повреди својата девојка која се бори за живот
Се самоуби 38-годишниот маж, вчера попладне во неговиот стан во Велес на улица „Андон Шурков“, кој изутрината тешко ја повреди својата 25-годишна невенчана сопруга, која се бори за нејзиниот живот во Клинички во Скопје.
Информацијата ја потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Портпарол на СВР Велес претходно информираше дека вчера утрото во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25–годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг и дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од Општата болница Велес, како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, 25 годишната М.Р. во болница била донесена со Итна помош во 08:30 часот.
Таа потврди дека жената била донесена во тешка состојба со прострелна рана во долниот дел на стомакот. По направените лабораториски испитувања, а поради тежината на повредата во тешка животозагрозувачка состојба била препратена во Ургентниот центар на скопските клиники, каде се бори за својот живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрага за илегална продажба на околу еден…
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…
Судијка од Велес времено делегирана во Судот…
Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине…
Мицкоски најави влегување на македонскиот пазар на…
Фармацевтската швајцарска компанија „Ронтис“ изразила желба да…
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди…
Пронајден мртов планинарот кој исчезна кај Велес
Планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа…