На денешен ден, пред 32 години, Киро Глигоров беше избран за прв Претседател на Република Македонија

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил со објава по повод 32 години од изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна и суверена Република Македонија.

-На почетокот на 90-тите години, распадот на СФРЈ предизвика воени дејствија кои се ширеа во поранешните републики, додека во нашата држава се етаблираше партискиот плурализам. На седницата на Собранието на 27 јануари во 1991 година, со 114 гласови “ЗА“, Киро Глигоров беше избран за прв претседател на суверена Република Македонија. Нека му е вечна слава на архитектот на современа Македонија! – се наведува во објавата на Спасовски.

Глигоров беше претседател на Република Македонија во два мандата, заклучно до 17 ноември 1999 година.

Тој го имаше првото обраќање на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија на 8 април 1993 година стана 181-та членка на Светската организација.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол”.

По завршувањето на неговиот мандат како претседател беше посветен на публицистичка дејност, а меѓу делата е автор и на книгата „Македонија е сè што имаме” (2001).

Почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во неговиот дом на 94-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…