Ѓоковиќ: Тато не направи ништо лошо, само ги поздрави фановите – Лоша интерпретација на настаните
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно треба да се брани во Австралија и да зборува за работи кои немаат врска со тенисот.
Минатата година тоа беше откако му беше забранет влез во државата и пред тамошниот суд мораше да докаже дека не направил ништо лошо и дека ја има сета потребна документација за влез во државата, а сега поради наводните лоши потези на татко му.
Всушност, медиумите го фатија Срѓан Ѓоковиќ како се поздравува со српските навивачи кои имаа и руски знамиња и тоа веднаш беше окарактеризирано како непримерно поради актуелната војна во Украина.
„Видов што се случи со татко ми. Тој на таа снимка само рече: Живели, а сè друго е лоша интерпретација на настанот“, изјави најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и додаде: „До синоќа не бев свесен што се случи и не бев среќен кога слушнав што се случи.
Имаше многу српски знамиња наоколу, а татко ми како и секогаш сакаше само да ги запознае навивачите и да се слика. Не можам да му се налутам затоа што немаше намера. Се беше злоупотребено“.
Поради сето тоа, Срѓан утрово пред полуфиналниот меч на Новак против Томи Пол најави дека нема да доаѓа на стадионот, туку дуелот ќе го следи на домашен терен. „Одлуката дека татко ми вечерва нема да биде во мојата ложа е заедничка. Сè уште не сме одлучиле за недела и финалето“, истакна Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…