Ѓоковиќ: Јас сум на 110% од своите можности
Новак Ѓоковиќ ќе игра ново финале на Австралија Опен, откако го декласира Томи Пол во полуфиналната фаза. Србинот брка историја, израмнување со Рафаел Надал на „вечната листа“ на освојувачи на големите турнири.
По победата, Новак направи кратка анализа, го најави финалето и мечот за трофејот со Стефанос Циципас.
„Во моментов сè е совршено, јас сум на 110% од своите можности. Стефанос, се гледаме за два дена!
Сега не може да се игра како на почетокот на турнирот, но вложив многу во подготвителниот период за да бидам во состојба да играм меч од пет сета во финалето. Искуството ми помага, но ќе видиме како ривалот ќе изгледа на теренот. Пред петнаесет години кога играв прво финале тука имав соништа, но вакво нешто не замислував. Благодарен сум на поддршката, многу ми значи.
Го добив својот прв меч со Циципас, тоа беше првпат да се вратам од 0-2 во финале, кое за него беше прво на Грен слем турнирите. Првото место додава „масло на огнот“, бидејќи кога победуваш и освојуваш слемови, не постои ништо подобро“, кажа Ѓоковиќ.
Финалниот меч во Мелбурн се игра в недела од 9:30 часот на „Род Лејвер Арена“, додека 24 часа порано се игра женското финале меѓу Сабаленка и Рибакина.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…