ЕУ сака да формира обвинителска канцеларија која ќе собира докази за руските злосторства
Првиот чекор во борбата против неказнивоста на злосторствата извршени во руската агресија против Украина би можел да биде формирање на обвинителска канцеларија која ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија, Дидие Рејндерс.
Тој ја дал изјавата пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина нема да поминат неказнето.
Канцеларијата би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Агенцијата на ЕУ за правосудна соработка по кривични прашања.
Рејндерс вели дека канцеларијата може брзо да се отвори. Европската унија се залага за формирање специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.
На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства. „Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и за агресијата врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.
На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде еден национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторствата на руска агресија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…