НИ ДОАЃА ПОСЛЕДНИОТ ГОЛЕМ ПРАЗНИК ВО ЈАНУАРИ – од овој ден сè е полесно, денот до тој ден веќе е зголемен еден час

t

Следниот вторник на 31 јануаери е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за…

Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да…

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

Пакистанец е обвинет за подготвување убиство на…

Пакистанец е обвинет за подготвување убиство на…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…